-->
-->
Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица
-->
Топењето на снегот ја зголеми појавата на одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кои на делови од магистралниот пат го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
Појавата на одрони е најизразена на потегот од патот кој скршнува до селото Драмче до местото викано Баткова чешма. Видни одрони се забележливи и на потегот од селото Илиово до селото Луковица.
Од „Македонија пат“ информираат дека дежурни екипи се на терен и работат на расчистување на одроните.
– Ги известуваме возачите дека поради топењето на снегот има појава на одрони на неколку делници од магистралниот пат А3. Критичните места се воочени од наши екипи кои работат на санирање на состојбата. Препорачуваме на гореспоменатите делници сепак да се вози внимателно се до целосно расчистување, велат од „Македонија пат“ – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поранешен грчки министер пронајден мртов во морскиот дел во близина на островот Евија
-
Нов светски рекорд на Краузер во фрлање ѓуле
-
СП Ракомет: Доминација на Франција и Шведска
-
Ѓуров: Ќе има притисок од САД за побрзо решавање на проблемите меѓу Софија и Скопје
-
Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
-
Казни од 2.000 евра за осуммина кои правеле домашна забава
-
Најмалку петмина загинати во вооружен инциент во Индианаполис
-
Џејлен Браун постави рекорд во НБА