Македонија
24. September 2019 - 18:06

Одрони кај преминот Барбадос, сообраќајот по една коловозна лента

Поради одрони сообраќајот на патот Македонски Брод – Прилеп кај планинскиот премин Барбадос, од 15:45 часот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Автомотосојузот на Македонија попладнево соопшти дека на патот Македонски Брод – Прилеп, кај преминот Барбарос, на повеќе места на левата коловозна лента има одрони.