Одрон од карпа падна врз куќа во Радожда, нема повредени
Голем одрон од карпа вчераутро паднал врз куќа на влезот од струшкото село Радожда, под пештерската црква „Свети Архангел Михаил“. Во несреќата нема повредени, но оштетен е дел од куќата и помошни простории. Жителите на селото се вознемирени и браат институциите да реагираат.
– Ударот се случи во 7 часот. Јас бев во делот од куќата, каде што удри карпата. Се исплашив викнав силно. Сопругот тргнуваше на работа, се врати. Толку беше силно што ми се чинеше дека цела куќа ќе се сруши. Неможеме да се соземеме, децата ни се вознемирени, изјави Билјана Пејоска, сопственичка на куќата, која беше погодена од одронот.
Мештаните се загрижени, се плашат од нови одрони. Бараат од институциите да реагираат навреме, да не дојде до несакани последици.
– Се надевам дека ќе се преземат некои мерки за во иднина да имаме надеж дека нема повторно да се случи вакво нешто. Ова е сепак елеметарна непогода. Се ни е разрушено. Оштетен е дел од куќата и помошни простории. Направена е голема штета. Уништена е цела зимница, алатот со кој сопругот работи…, посочи Пејоска
Жителите од тој дел на селото очекуваат дека во секое време може да се повтори, се плашат за домовите и за своите животи и животите на своите најблиски.
– Слушнав јак притисок, бучава како цунами. Триесет секунди после бучавата голем потрес. Потоа се смири. Излегов надвор, слушнав кај што плачат деца и видов цела карпа урната. Ова е голем страв, навечер неможеме да седиме дома. Постои опасност од други одрони, каде што е напукнато. Незнаеме што може да се случи. Се плашиме, со страв спиеме, раскажува Арсо Пејоски.
Случајот го пријавиле во Регионалната канцеларија на Центарот за управување со кризи, од каде за МИА потврдија дека согласно законските надлежности било пријавено во Општина Струга.
– Екипа на Општина Струга, рано утрово излезе на терен, направен е увид, сниман е цел простор и се констатирало дека има одрон. Апелирам до надлежните институции да излезат да направат увид и да утврдат дали е безбедно или постои можност од поголем проблем, изјави градоначалникот Рамиз Мерко.
Ново на Сител
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје