Македонија
20. March 2018 - 9:34

Одрон на патот Маврови Анови-Дебар кај Трница, сообраќајот по една лента

Одрон од земја изутрина од 7:05 часот го попречува нормалното одвивање на сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на село Трница.

- Сообраќајот се одвива по една коловозна лента и само за патнички моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.