Македонија
17. December 2017 - 8:27

Одрон на патот Дебар - Струга, сообраќајот по една лента кај Џепиште

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Струга во близина на село Џепиште поради одрон на голем камен се одвива по една коловозна лента во должина од 20 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ. 

Намалена видливост поради магла од 50 до 100 има на Стража, Плетвар и Штип-Неготино.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег провејува на Попова Шапка и Буково, но не се здржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година