Loading Video...
Фудбал
29. August 2019 - 19:59

Одредени групите во Лигата на шампионите

Откако вчеравечер екипите на Ајакс, Бриж и Славија Прага го комплетираа списокот на учесници во групната фаза во Лигата на шампиони, попладнево во Монако беа одредени групите. 
 
Шампионот Ливерпул одбраната на титулата ќе ја започне во група  со Наполи на Елиф Елмас, Салзбург и Генк 
 
Од останатите групи ја издвојуваме и Ф  конкуренцијата во која се сместени екипите на Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага 
 
Групната фаза во елитното натпреварување ќе започне на 17-ти септември, а ќе заврши на 11 декември. 
 
По зимската пауза, „нокаут рундата“ односно првите мечеви од осминафиналето ќе се игра на 18 и 19 февруари следната година, додека финалниот меч е закажан за 30 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул