Loading Video...
Фудбал
17. December 2018 - 13:18
Одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампиони
Три дерби дуели во осминафиналето од Лигата на шампионите, донесе денешната ждрепка.
Во Мадрид Атлетико ќе биде домаќин на Јувентус, во првата меѓусебна пресметка. Манчестер Јунајтед ќе има тешка задача во дуелот против францускиот шампион ПСЖ, додека на „Енфилд“ водечкиот тим во Премиер лигата, Ливерпул ќе го пречека минхенски Баерн.
Навидум, Барселона, Реал и Манчестер Сити се фаворити, бидејќи Каталонците за противник ќе го имаат Лион. Актуелниот европски првак Реал ќе игра против Ајакс, а англискиот шампион Манчестер Сити место во четвртфиналето ќебрка во дуелите со Шалке.
Преостанатите два пара во осминафиналето ги сочинуваат, Рома – Порто и Тотенхем – Борусија Дортмунд.
Првите натпревари ќе се играат на 12 и 13, односно 19 и 20 февруари, а реваншите на 5, 6, 12 и 13 март идната година
Комплетни двојки за осминафиналето во Лигата на шампиони:
Шалке– Манчестер Сити
Атлетико Мадрид – Јувентус
Манчестер Јунајтед – ПСЖ
Лион – Барселона
Ајакс – Реал Мадрид
Ливерпул – Баерн Минхен
Рома – Порто
Тотенхем – Борусија Дортмунд
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->