Loading Video...
Фудбал
15. March 2019 - 14:11

Одредени четвртфиналните парови за Лигата на шампиони

 
 
Тотенхем против Сити и Барселона против Јунајтед се двата поинтересни пара за четвртфиналната рунда во фудбалската Лига на шампиони.
 
Англија сигурно ќе има полуфиналист во ЛШ, бидејќи два од четирите англиски тима меѓусебно ќе играат во четвртфиналето. 
 
Денешната ждрепка во Нион, посака Тотенхем и Манчестер Сити да судрат во четвртфиналето, па еден од овие два тима сигурно ќе биде полуфиналист. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Ајакс и Јувентус. 
 
Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат победниците од пресметките меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед односно Ливерпул и Порто. 
 
Првите четвртфинални натпревари на програмата се на 9 и 10 април,  додека реванш дуелите ќе се играат на 16 и 17 април.
 
Термините за полуфиналните пресметки се: 30 април и 1 мај, а реваншите, 7 и 8 мај
 
Двата најуспешни тима кои ќе обезбедат пласман во финалето, за трофејот во Лигата на шампионите ќе се борат на 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.