Одреден куќен притвор за Мијалков, полицијата трага по него
Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.
Од МВР за МИА потврдија дека му е одреден куќен притвор и оти се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.
Обвинителството побарало куќен притвор поради опасност од бегство во пресрет на објавувањето на пресудата за предметот Таргет-Тврдина в петок, а во кој Мијалков е еден од обвинетите. Од Јавното обвинителство за ТВ24 потврдиле дека судот не му одредил притвор, туку поблага мерка куќен притвор.
Но, засега ниту од обвинителството, ниту од судот, нема официјална информација. Велат дека ќе има соопштение во текот на денот.
На сајтот на МВР не е објавена потерница по Мијалков, кој, според репортерите на ТВ 21 последен пат бил виден вчера околу 14 часот во барот „Дистрикт“ во хотелот „Мериот“.
Подоцна, во текот на вчерашниот ден бил баран на повеќе адреси во Скопје, но не бил најден.
Обинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна за Сашо Мијалков.
Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Пресудата за „Таргет – Тврдина“ треба да биде објавена во петок, на 26 февруари.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар