Свет
22. May 2017 - 8:30

Одобрено формирање на контингент за поддршка на операциите во Ирак и во Сирија

Учесниците на средбата на Саудиска Арабија, на која присуствуваа лидерите на арапските и муслиманските држави, како и претседателот на САД, Доналд Трамп, присуствуваа на создавање на воен контингент за поддршка на борбата против тероризмот во Ирак и во Сирија.

Во завршната декларација се наведува дека лидерите на повеќе од 50 држави, учесници на форумот, го поддржаа предлогот за создавање на резервен воен контингент од 34.000 војници за поддршка на антитерористички операции во Ирак и во Сирија.

Исто така се поздравува и формирањето на Светски центар за борба со екстремистичката идеологија со седиште во Ријад.

Учесниците на средбата се согласиле дека е неопходна размена на информации за дејствувањето на терористичките  групи, нивните локации и движењето на борците.