Македонија
26. January 2021 - 20:18

Одобрени 80 милиони денари за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро

На денешната седница на Владата се донесени дополнителни одлуки за одобрување средства од Буџетот на Република Македонија за 2021 година за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро.

Владата одобри средства во износ од 40.000.000 денари на Општина Дојран, за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Езеро и 40.000.000 денари на Општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанско Езеро.