Loading Video...
Свет
2. December 2020 - 17:18

Одобрена првата вакцина против Ковид-19

Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бајонтек доби прво зелено светло за употреба. Фантастичната вест дојде од Обединетото Кралство.

„Многу сум горд дека Обединетото Кралство ќе биде прво место каде има клинички одобрена вакцина подготевна за користење. Оваа вест,која толку ја зборуваме, ако вакцина се развие, тогаш работите ќе се подобратво 2021 година.  Сега може да речеме кога вакцината ќе се пушти во употреба, работите ќе се подобрат. Ќе го почнеме тој процес следната недела“, порача министерот за здравство.

Први во редот се  старите луѓе во домовите за старите лица и нивни негуватели. Нвини блиски ја поздравија веста.

Ќе биде апсолутно неверојатно да ја имаме таа вакцина и да може да дојдеме во било која доба од денот, навечер, кога и да посакаме вели ќерка на лице згрижено во старечки дом.

По старите лица во домовите на приоритената листа  се постари од 80 години и  здравствени работници на првата линија во борбата против Ковид-19. По возраст потоа ќе се вакцинираат лицата постари од 70 години и хронично болните. 6 фаза ги опфаќа сите лица на возраст од 16 до 64 години со здравствени состојби што ги ставаат на поголем ризик од сериозни болести и морталитет а последни на приоритетната листа се 50 годишниците.

Нарачни се 40 милиони дози,  доволни за  20 милиони луѓе.  Вакцината дава 95 процентна заштита против короната вирсот,безбедна е  и функцинира слично кај луѓето од сите возрасти твдри Фајзер. Се уште е непознато колку долго штити од заразата и од можен пренос на вирусот. Предизвик  е нејзниното чување -  -  вакцината бара минус 70 степени целзиусови за да остане стабилна. Од концепт до фаза на реализација на Фајзер и Бајонтек им беа потреби само  10 месеци , процес кој вообичаено трае и по неколку години до една деценија.

Ако оваа вакцина работи толку добро да ја спречи болеста тогаш тоа, очигледно, ќе го намали притискот врз медицинските установи, односно ќе може пак да работат нормално вели  проф.др Џефри Алмонд,британски експерт за вакцинација.

И Соединетите држави и ЕУ ја чекаат  вакцината на Фајзер, но и таа на Модерна слична по ефикасност  на Фајзеровата.

Европската агенција за лекови предупреди дека е против избрзаното одобрување на вакцините против Ковид-19, откако Лондон  даде вонредно одобрување за фајзеровата вакцина.

Европскиот  регулатор  до 29 декември ќе донесе одлука дали вакцината на  „Фајзер“ ќе биде одобрена.  Земјите членки на Унијата забрзано ги местат центрите каде луѓето ќе се вакцнираат.

Во Франција вакцинацијата ќе почне во јануари најпрво во домовите за стари лица. Масовна вакцинација Макрон најави на пролет. 

За две недели и Србија најави почеток на масовно вакцинирање. Таа ќе је користи руската Спутник . Први во редот за вакцинирање ке застанат лекарите, војската и полицијата. За граѓаните вакцината нема да биде задолжителна.

И американските сојзуни држави прават планови кои групи од населенито треба први да се вакцинираат.  Се надеваат вакцините на Модерна и Фазјзер да им  бидат достапни во текот на декември.

И покрај вакцинацијата, луѓето се уште мора да останат дисциплинирани  и да ги следат правилата за спречување на вирусот апелираат експертите.