Свет
31. May 2016 - 9:17

Одново неуспешен обид на Пјонгјанг со балистичка ракета, тврди Сеул

Северна Кореја изврши неуспешен обид за лансирање балистичка ракета, објави јужнокорејската армија.

– Претпоставуваме дека Северна Кореја утрово неуспешно лансираше проектил од својот источен брег, изјави портпарол на јужнокорејската армија во Сеул.

Типот на ракетата не може со сигурност да биде идентификуван. Се претпоставува дека станува збор за проектил од среден дострел Мусудан, објави Јонхап повикувајќи се на воени извори.

Во април Северна Кореја имаше неуспешно лансирање на ракета од типот Мусудан.