Македонија
15. December 2018 - 16:09

Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот

Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, но и светот. За понеделник, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово.  Москва  инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон  се противат.  Се очекува на седницата да присуствува и српскиот престедател, кој тврди дека  содавањето на косвската војска е  во спротивност на  резолуцијата 12 44 , но и на уставот на Косово.

Се очекува на седницата да се отворат длабоките конфронтации мегу големите сили за ова прашање.  САД, Британија и Германија  отворено  ја поддржаа  одлуката за создавање косовска војска. Русија пак  стравува дека овој потег на Приштина може да доведе до тензии не само на Косово туку и на целиот Балкан. Дури и  НАТО и ЕУ јавно порачаа дека се против трансформација на косовските безбеднсни сили во воени. И македонската влада со загриженост гледа на целата ситуација.

За разлика од премиерот, лидерот на ДУИ  Али Ахмети преку фејсбук на Косоварите им  ја честиташе новата армија која оцени како камен темелник на мирот и стабилноста во регионот. Ваквото разногласие по прашањето на Косово  , според СДСМ  нема да  влијание врз колаицијата.

На изјавата на Заев реагираше и Зијадин Села од Аијансата на Албанците, кој  му порача на премиерот да  престане се однесува националистички и да не се меша во внатрешните работи на Косово туку да си го погледне својот двор.