Македонија
17. јуни 2019 - 16:37

„Одлучен удар“ на Криволак - државниот врв во првите редови

Борбените транспортери “Хермелин” и “Страјкер” се покажаа како одлична поддршка за македонската армија и воените сили на пет други земји членки на НАТО при ослободување на заробеници.

Во полчасовната акција напомош дојдоа хеликоптерите “МИ–18”, кои со прецизните дејствувања помогнаа беспекорно изведување на најголемата воена вежба во историјата на нашата земја “Oдлучен удар”, што се одвива на Криволак.

Претседателот и врховен кондант на вооружените сили Пендаровски посочи дека вежбата покажала дека подготвеноста на припадниците на АРМ е на исто рамниште со армиите на останатите членки на Алијансата.       

АРМ покажа дека освен полигонот “Криволак”, како 30та земја членка на НАТО, можеме да понудиме и професионални војници и офицери кои на дело ја покажаа својата кооперативност.

Денеска заврши 12тиот ден од вебата Одлучен удар, чии што јкрај е пшредвиден за 9 јули.