Loading Video...
Тенис
18. March 2020 - 14:40

Одложувањето на „Роланд Гарос“ нема да ги промени плановите на „Вимблдон“

Еден во низата големи спортски настани кои принудно е одложен е и вториот Гренд слем турнир во сезоната, францускиот „Роланд Гарос“.
 
Тениската федерација на Франција донесе одлука „Роланд Гарос“ да биде одложен. 
 
Според календарот, отвореното првенство на Франција, требаше да се играа кон крајот на месец мај, но поради ситуацијата со „Корона“ вирусот, организаторите го одложија шампионатот и тоа за септември. 
 
Планот е турнирот да започне на 20 септември, само една седмица по УС Опен кој вообичаено е последниот Гренд слем турнир во сезоната. 
 
Затоа пак англичаните поитаа да објават дека засега не размислуваат за одложување на неофицијалното светско тениско првенство „Вимблдон“. 
 
Извршниот директор на турнирот Рилард Луис истакна дека продолжуваат со подготовките за организација на турнирот според предвиденото, но не ја исклучува можноста да дојде до промена на планот. 
 
А, според планот, односно календарот, годинашното издание на „Вимблдон“ е предвидено да се одржи од 29 јуни до 12 јули. 
 
Ќе биде ли така останува да се види пред се со развојот на настаните со пандемијата на „корона“ вирусот.