Македонија
22. September 2016 - 11:44

Одложено судењето за случајот „Поткуп“, Заев службено отсутен

За 22 ноември е одложено судското рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Рочиштето е одложено, како што информираат од Судот, поради службено патување на Заев, а за што Судот бил информиран претходно од неговиот адвокат.

Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

Eдна половина од парите, како што стои во  обвинението, требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.