Кошарка
20. April 2016 - 16:16

Одложено Собранието на Македонската кошаркарска федерација

 
Македонската кошаркарска федерација денеска донесе одлука Собранието закажано за во сабота (23 април) да биде одложено, на неопределено време. 
 
Ваквата разврска на ситуацијата во мак-баскетот уследи по денешната средба на која во просториите на куќата на кошарката присуствуваа: Претседателот на МКФ, претставници на клубовите од Прва и Втора  лига мажи, претставникци од Прва женска лига, клубовите од младинска лига, претседателот на Регистрациска и Арбитражната комисија при МКФ, комесарот за натпреварување на сениорски лиги и потпретседател на Федерацијата, одговорен за надзор на функционирањето на сениорските лиги. 
 
Причина за ваквата одлука се несогласувањата на клубовите со предлогот на канцаларијата на МКД за измени на Статутот и Регистрацискиот правилник на МКФ, со кои безмалку сите ингеренциии требаше да минат во рацете на УО на федерацијата. 
 
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението објавено на веб страната на МКФ.
 
„На ден вторник 19.04.2016 години во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа состанок меѓу претседателот на МКФ, Петар Наумоски со претставниците на клубовите од Прва лига мажи, Прва лига жени, Втора лига и младинските лиги на кои се разгледуваа предложените промени на Статутот и Регистрацискиот Правилник на МКФ. По состанокот  заеднички беше донесен Заклучок  Собранието закажано за ден 23.04.2016 година, на кое требаше да се расправа за промените на Статутот и Регистрацискиот правилник, се одложи, а се со цел добивање на Нормативни акти во интерес на сите заинтересирани страни.
 
На состанокот  заеднички се донесе Заклучок да уште еднаш сите членки на Собранието на МКФ, преку своите Здруженија и Асоцијации, ги разгледаат предложените промени на Статутот и Регистрацискиот Правилник на МКФ.
 
На состанокот исто така заеднички се донесе Заклучок да сите Здруженија и Асоцијации, во писмена форма ги дадат своите забелешки, примедби и сугестии, се со цел да се изготват Статутот и Регистрацискиот правилник кои ќе ги задоволи потребите на МКФ и сите негови членки.
 
Поради ова, заеднички беше донесен заклучок да Собранието закажано за ден 23.04.2016 година, на кое требаше да се расправа за промените на Статутот и Регистрацискиот правилник, се одложи, а се со цел добивање на Нормативни акти во интерес на сите заинтересирани страни“.