Македонија
3. May 2017 - 12:00

Одложено рочиштето за настаните пред општина Центар

Судското рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство во врска со настаните пред општина Центар во јуни 2013 година, што требаше да се одржи денеска во скопскиот Кривичен суд е одложено за 28 јуни.

Судијата го одложи рочиштето поради отсуство на петмина од обвинетите.

Во овој предмет се обвинети 14 лица, од кои пет како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Меѓу обвинетите се и Никола Груевски, поранешен премиер, поранешниот министер Миле Јанакиески и актуелната пратеничка и поранешна советничка во општина Центар Даниела Рангелова, кои денеска дојдоа во Судот. На денешното рочиште беа пристуни и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, како и општински советници.
 
Специјалното јавно обвинителство го покрена овој случај на 15 септември минатата година.