-->
-->
Одложено рочиштето за настаните пред општина Центар
-->
Судското рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство во врска со настаните пред општина Центар во јуни 2013 година, што требаше да се одржи денеска во скопскиот Кривичен суд е одложено за 28 јуни.
Судијата го одложи рочиштето поради отсуство на петмина од обвинетите.
Во овој предмет се обвинети 14 лица, од кои пет како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Меѓу обвинетите се и Никола Груевски, поранешен премиер, поранешниот министер Миле Јанакиески и актуелната пратеничка и поранешна советничка во општина Центар Даниела Рангелова, кои денеска дојдоа во Судот. На денешното рочиште беа пристуни и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, како и општински советници.
Специјалното јавно обвинителство го покрена овој случај на 15 септември минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи