Македонија
15. January 2019 - 16:25

Одложено рочиштето за настаните од 27 април во Собранието, ќе продолжи идната недела со променет обвинителен акт

Полупразна остана судницата за случајот „27 април“ по примената на законот за амнестија.. Наместо 33-ца обвинети, денеска беа присутни осуммина.. Судијката Добрила Кацарска побарала да не се носат останатите деветмина обвинети кои се во притвор оти се чекаат одлуки на Апелациониот суд по жалбите на одбиените барања за амнестија..

Судењето за 27 април е одложено за во понеделник на 21 јануари.. Судскиот процес ќе продолжи со завршни зборови на обвинителството..

Според Кацарска, по примената на законот за амнестесија најверојатно ќе има измени во обвинението па затоа одбраната ќе добие дополнително време за подготовка на завршните зборови.. Обвинителката Вилма Русковска рече дека во понеделник адвокатите ќе го добијат изменетото обвинение во пишана форма а завршните зборови ќе бидат усни..

Во судница денеска се врати и екс министерката за култура Канчевска-Милевска која е обвинета во случајот „Тендери“ на СЈО. Шпекулации ги нарече гласините дека со поддршката за уставните измени очекува промени во Кривичниот законик со кои би се спасила од кривично гонење за делото кое и се суди.

„Значи стојам цврсто, јасно и гордо зад таа моја одлука и во ниеден случај ниту сум уценета или некого сум го уценила во однос на овој предмет“, изјави Елизабета Канчевска – Милевска

Таа ги отфрли и шпекулациите дека за гласот во собрание и било ветено министерско место.