Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска
Денешното судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, што се води во Судот во Кичево е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката.
Пред да почне судењето, судијката Кижевска рече дека на денешното рочиште ќе има само завршни зборови, а пресудата ќе биде донесена друг ден, меѓутоа поради писмен поднесок од страна на одбраната за нејзино изземање рочиште беше одолжено.
На обвинетиот Ахмети му се суди во отсуство, а во судскиот процес го застапува адвокатот Бесник Асани, кој е овластен од семејството.
Адвокатот Асани рече дека е песимист во однос на нивното барање и оти Обвинителството нема никакви докази во предметот во кој се товари Ахмети.
Пред Основниот суд во Кичево денеска се одржа протест на група граѓани за поддршка на кичеецот Шекерим Ахмети познат како Ел Чека, кој моментално живее во Чикаго, САД и од таму објавува аудио снимки за наводни коруптивни дејства на високи челници од ДУИ. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Не осудувај ги оние кои пријавуваат криминал“.
Организаторите на протестот, кои се преставуваат како Меѓународно Здружение за човекови права велат дека се борат притив селективната правда во земјава. На протестот свое учество најави и огранокот на Движењето „Беса” во Кичево, кои јавно ги повикаа нивните членови и симпатизери да се приклучат на денешниот протест.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење