Македонија
2. February 2023 - 16:44

Одложено рочиштето за „Беса транс“, оштетените во случајот „Ласкарци“ изразија сомнеж за постапката

Судот ги сослушуваше сведочењата на вештаците за случајот Ласкарци. Обвинителот им поставуваше прашања за супевештачењето на што адвокатите на оштетените постојано реагираа со приговори. 

Од распитот се утврди дека автобусот 16 дена нерегистриран превезувал патници. Роднини на жртвите револтирани од тоа како течеше распитот обвинија дека се води непрофесионално судење. 

Пропаднал обидот на супервештаците целата вина да ја префрлат само на возачот а сите други пропусти да ги занемарат смета адвокатот на оштетените. 

Обвинети во овој предмет се сопственикот на „Дурмо турс“, одговорното лице во фирмата, возачот на автобусот и тројца вработени во станицата за технички преглед. Во несреќата кај Ласкарци што се случи на 13 февруари 2019 година загинаа 16 патници и над 30 беа тешко повредени.

Во Кривичниот суд денеска повторно се одложи рочиштето за случајот БЕСА ТРАНС, со автобуската несреќа во Бугарија. Иако три пати судот повикува да сведочи претставник од Царина, никој не доаѓа, да сведочи како автобусот бил пропуштан на граница без извод од  лиценца.