Одложено гласањето во Советот за безбедност на ОН за прекинот на огнот во Газа

Гласањето на Советот за безбедност на ОН за барањето за хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас денеска беше одложено за неколку часа, поради планираната средба на арапските министри и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Петнаесет-члениот совет требаше да гласа за краток нацрт на резолуцијата, но гласањето беше одложено на барање на Обединетите Арапски Емирати, кои го предложија текстот со поддршка на Арапските и Организацијата за исламска соработка, пренесоа британските медиуми.
За усвојување на резолуцијата потребни се најмалку девет гласа, без вето на петте постојани членки – Соединетите Американски Држави, Русија, Кина, Франција или Велика Британија.
САД најавија дека во овој момент не поддржуваат понатамошни активности на Советот за безбедност.
Советот треба да гласа во 17:30 часот по локално време (23:30 часот по средноевропско време), веднаш по средбата на Блинкен во Вашингтон со министрите за надворешни работи на Египет, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Палестинската управа и Турција.
Арапските држави повторно инсистираа на прекин на огнот откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата официјално го предупреди Советот за безбедност на ОН дека војната во Појасот Газа „може да ги влоши постоечките закани за меѓународниот мир и безбедност“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
