Loading Video...
Кошарка
3. November 2020 - 15:54

Одложени натпреварите на Куманово и ТФТ во БИБЛ лигата

Ковид пандемијата е причината поради која се одложени настапите на македонските претставници во регионалната балканска кошаркарска лига (БИБЛ)
 
Екипите на Куманово и ТФТ ќе бидат без обврски оваа седмица во БИБЛ лигата,. Ова откако во редовите на Берое од Стара Загора имало повеќе случаи на позитивни на Ковид-19, па раководството на БИБЛ морало да ги одложи натпреварите на бугарскиот тим. 
 
Инаку, утре требаше да се игра мечот меѓу Берое и ТФТ, а ден подоцна тимот од Стара Загора требаше да му гостува во Куманово.