Бизнис
13. November 2017 - 18:07

Одложена стечајната постапка за „Фени Индустри“

На барање на новиот директор на „Фени Индустри“ Рајчо Кацаров одложена е постапката за стечај на металуршкиот комбинат од Кавадарци.

Кацаров побарал изземање на Основниот суд во Велес и побарал скопски суд да биде надлежен за стечајната постапка во „Фени Индустри“ со образложение дека во Скопје се седиштата на трите банки кои ја покренаа постапката.

Прекинувањето на постапката го потврдија и од Велешкиот суд од каде прецизираат дека се чека изјаснувањето на Врховниот суд.

„Фени Индустри“ има долг од околу 60 милиони евра од кои 40 милиони им должи на Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје. Трите банки како најголеми доверители покренаа стечајна постапка за компанијата.