Македонија
9. May 2016 - 17:18

Одложена седницата на ДИК

Државната изборна комисија ја одложи за утре седницата која беше закажана за денеска попладне.

На седницата ДИК требаше да го разгледа Извештајот од јавниот увид во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори заклучно со 8 мај 2016 година. 

На дневен ред на седницата беше и Извештајот за обработени пријави за гласање на државјани на Република Македонија со привремена работа или престој во странство за гласање во дипломатско конзуларните претставништва на РМ заклучно со 7 мај 2016 година.