Македонија
9. December 2021 - 10:54

Одложена посетата на косовскиот заменик-министер за правда на Скопје

Посетата на косовскиот заменик министер за правда на Блерим Салаху на Скопје е одложена, потврдија за МИА од Министерството за правда во Скопје.

Салаху требаше да го посети затворот „Идризово“ и да оствари средба со раководството на установата.

Вчера заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврди за МИА дека денеска ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но демантираше дека е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, меѓу другите точки за влез на Алтернатива во Владата, договорија и меѓународен мониторинг на случаите „Диво насеље“, „Монструм“, „Алфа“, „Алмир Алиу“.