Одложена годинешната манифестација „Галичка свадба“
Советот на Месната заедница Галичник, заради заштита на јавното здравје, донесе одлука да го одложи одржувањето на годинешната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува кон средината на јули, за време на верскиот празник Петровден.
– Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на свадбата од претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата „Галичка свадба“ не треба да се одржи на Петровден. Будно ќе ги следиме состојбите и препораките и се надеваме дека свадбата ќе ја одржиме наскоро. Прилагодувањето е одлика на умните и истрајните, на тоа нѐ учи и природата. Со одредени прилагодувања на секојдневието, тоа ќе врви, ќе може да ги правиме нештата кои ни го прават животот вреден за живеење, а болеста ќе има малку или никакви шанси да нѐ допре, информираат од организацискиот тим на Месната заедница Галичник.
Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната „Галичка свадба“ може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28 август.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните