Одложена е четвртата рунда преговори за Брегзит
Британската Влада денеска соопшти дека ќе биде одложена четвртата рунда преговори меѓу Брисел и Лондон за повлекувањето на Велика Британија од Европската унија.
Во соопштението се наведува дека, новите преговори се одложени за една недела, односно ќе започнат на 25 септември.
Портпаролот на кабинетот на британскиот премиер Тереза Меј изјави дека решението за одлагање на преговорите е заедничка одлука на Велика Британија и на ЕУ.
Одложувањето на преговорите е направено со цел да им се даде повеќе време на преговарачките тимови за градење на простор за флексибилност, а со тоа и за обезбедување на напредок во целиот преговарачки процес.
Минатонеделната трета рунда, заврши без напредок и со отворени несогласувања и меѓусебни обвинувања на двете страни.
Поради несогласувањата на шефовите на преговарачките тимови, Мишел Барние и Дејвид Дејвис, интервенираше Меј. Таа побара да бидат забрзани преговорите за Брегзит.
Пратенците во британскиот Парламент вчера го усвоија Законот за излез на Велика Британија од Европската унија, со што се овозможува тој да влезе во следната фаза на парламентарната процедура.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер наведе во неговиот извештај, дека Велика Британија „набрзо ќе зажали за Брегзит“.
Лондонсите медиуми веруваат дека одлагањето на преговорите не е толку за давање повеке време на преговарачките екипи, колку да и се даде простор на Тереза Меј за нејзниниот говор пред британските конзервативци, за окј се верува дека е важен за нејзината идна позиција во партијата.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи