Свет
8. March 2018 - 15:03

Одложена доставата на хуманитарна помош за Источна Гута

Одложено е денешната достава на хуманитарна помош во Источна Гута поради интензивните напади на сириските сили, изјави портпаролката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Инги Седки.

Таа додаде дека поради ситуацијата на теренот не може да се достави помош до жителите на предградието на Дамаск.

Првата хуманитарна помош во Источна Гута пристигна во понеделникот, но и таа исто така беше прекината поради гранатирање од страна на сириската армија.

Судирите во Источна Гута продолжуваат и покрај усвоената резолуциија на Советот за безбедност на Обединети нации за привремен прекин на огнот со цел да се достави хуманитарна помош и да се евакуираат повредени и најзагрозените лица.

Сириската армија на 18 февруари покрена офанзива во Источна Гута, при што настрадаа неколку стотици луѓе.

Според Сириската опсерваторија за човекови права загинале 900 цивили од кои 188 деца. Невладината организација со седиште во Лондон, тврди дека денеска загинале седум цивили.