Македонија
21. November 2017 - 19:16

Одложена амандманската расправа за законот за јазиците, пред Собранието поставени шатори

Седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која требаше да започне амандманската расправа за Законот за јазиците е одложена.

Седницата беше закажана за утре во 15 часот, но, како што информираа попладнево од Комисијата за европски прашања, за датумот на одржување јавноста дополнително ќе биде информирана. 

Во меѓувреме, здружението Македонски национален совет постави шатори пред Собранието барајќи повлекување на законот за употреба на јазиците.