Македонија
11. December 2017 - 16:55

Одложена амандманската расправа за Законот за јазици - рокот за дебата истекува во среда

Рокот од три дена за амандманска расправа по законот за јазици почна да тече без да се одржува дебата по амандманите. Артан Груби само ја отвори седницата на комисијата за европски прашања за да се утврди дневниот ред  и веднаш потоа ја одложи бидејќи немаше претставник од Владата. Дополнително во салата не беа присутни ни опозициските пратеници на ВМРО - ДПМНЕ кои се во тивок бојкот, но кои имаат 84 амандмани на законот. Рокот за дебатирање истекува во среда. По тоа оваа фаза од донесувањето на зкаонот се затвора и тој слободно ќе може да се стави на пленарна седница за дефинтитнво донесување. 

Груби на два наврати ја одложува амандманската расправа. Првиот пат тоа го намправи две недели откако еврокомесарот Хан посочи дека законот не е дел од европските приоритети.  Груби во петокот закажа нова седница иако сега пак, е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ  нема да учествува во работата.

Дали на овој начин власта не го користи Деловникот за побрзо да го помине законот за јазици?

- Не е злоупотреба таква е процедурта. ВМРО-ДПМНЕ беа викнати, треба да дојдат и да ја заокружат имплементацијата на охридскиот договор.

Според него, јавноста е запознаена со законот и нема да пропушти многу.

Пратениците на СДСМ со чие гласање за дневен ред практично се овозможи роковите за амднмани да течат без дебата упатуваат на Груби како претседател на матичнотот тело.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на овој начин парламентарнотот мнозинство на СДСМ покажува дека не им е битна европската агенда и сакаат парламентет без опозиција и без контрола.

СДСМ покажа дека не сака да има опозиција ниту во Собранието на Република Македонија, ниту во државата. Нивната неодговорност е видлива и е плод на опиеноста од власт. Тргнаа по погрешен пат кој ќе и нанесе лоши последици на целата држава и на сите нејзини граѓани“, се вели во соопштението од ВМРО-ДППМНЕ.

Последното продолжение на амандманската расправа се очекува во среда.