Балкан
9. January 2019 - 14:04

Одложен состанокот на пратеничката група на Независни Грци

За утре или за задутре е одложен состанокот на пратеничката група на Независни Грци, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, состанокот на Извршниот комитет на партијата е во тек, а на почетокот Панос Каменос рекол дека нема да даде никакви изјави пред седницата на пратеничката група и пред средбата со Ципрас, закажана за петок напладне, јави дописничката на МИА од Атина.