Фудбал
25. February 2018 - 17:33

Одложен мечот во Кратово

Во Кратово иако беше планирано поради лошите временски услови е одложен прволигашкиот дуел Силекс - Пелистер во рамките на 21. коло.

Според информациите од нашиот дописник од Кратово домаќините инсистирале дека мечот може да се одигра бидејќи условите го дозволувале тоа но по одлука на главниот судија Бартон и противењето на гостите од Битола мечот е одложен.
Да потсетиме дека на 7. март Силекс треба да го одигра одложениот меч со ФК Скопје исто така во Кратово.