Одлични трикови кои ќе ви помогнат да го „маскирате“ целулитот за 60 секунди
Конечно ни пристигнаа топлите летни денови, но продолжената зима секогаш со себе го носи истиот проблем – не сме почнале да вежбаме на време, па сега не можеме со гордост да облечеме кратки пантолони или кусо здолниште, поради женскиот непријател број еден – целулитот.
За среќа, не мора да се грижите за тоа – постојат 3 експресни решенија за прекривање на целулитот кои делуваат буквално за 60 секунди!
Искористете ги овие трикови кога ќе треба да облечете кратка облека, но што побрзо префрлете се на вежбање и правилна исхрана, за да добиете долготрајно решение.
1.Лак за коса
Набавете лак за коса со висок степен на зацврснување и испрскајте по бутовите, односно по деловите зафатени од целулит. После нанесувањето на лакот, стојте исправени и не се помрднувајте додека лакот целосно не се исуши. Би трабло да почувствувате како ви се затега кожата. Трикот е во тоа што сјајот од лакот се прекршува на светлината, што визуелно ќе ги сокрие непријатните дупчиња и нерамнини на кожата. Со лакот за коса можете да ја зацврстите и опуштената кожа на рацете.
2. Средство за потемнување на кожата
Целулитот најмногу се гледа на светла кожа. Колку кожата е потемна, толку целулитот помалку ќе се гледа, па за оваа цел можете да користите спрејови и креми за самопотемнување. Само внимавајте бојата да не биде премногу темна, за да не се разликува премногу од остатокот од телото.
3. Студен туш
Можеби не сте знаеле, но студената вода може многу да ја затегне кожата. Туширајте се со онолку студена вода колку што можете да издржите, а барем 5 минути туширајте го делот од телото зафатен со целулит со што поладна вода. Ефектот ќе ве остави без зборови!
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та