Одлична вест за земјоделците, започна исплатата на субвенциите за земјоделците
Министерството за финансии денеска започна со исплата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник со која ги отстранува законските пречки за исплата, соопшти кабинетот на министерот за финансии.
- Исплатени се 463 милиони денари субвенции во рамки на кои целосно се подмирени обврски за субвенции заклучно 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 364 милиони денари субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа, се наведува во соопштението.
Министерството за финансии, стои во текстот, остана доследно на спроведување на законската регулатива и покрај бројните шпекулации во изминатиов период.
- Веднаш штом се создаде законска можност Министерството за финансии започна со исплата на субвенциите кон земјоделците, се посочува во соопштението од кабинетот на министерот за финансии.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората