Loading Video...
Кошарка
23. October 2019 - 15:04

Одлична старт на новата сезона во НБА лигата: Триумфи на шампионот Торонто, дербито на Лос Анџелес го добија „Клиперси“

 
 
Ако денот по утрото се познава, а воведните два натпревари од НБА лигата беа супер неизвесни, тогаш е реално да очекуваме дека во новата  сезона на НБА лигата не очекуваат големи возбудувања. 
 
Тоа беше најавено уште на првиот дуел во кош шампионот Торонто дури по продолжение славеше победа над Њу Орлеанс со 130-122. 
 
Иако останаа без својот најдобар играч минатата година Каваи Ленард, сепак „Рапторси“ на стартот потврдија дека имаат одличен тим. Паскал Сиакам со дабл-даб од 34 поени и 18 скокови, како и Фред ВанВелт кој покрај 34-те поени имаше и 7 асистенции и 5 скока, надополнети со искусниот Кајл Лаури и неговиот учинок од 22 поени, 6 асистенции и 5 скока беа триото кое им ја донесе првата победа на шампионите. 
 
Во дербито на Лос Анџелес, составот на „Клиперси“ славеше победа со 112-102 против „Лејкерси“.
 
Новата ѕвезда во тимот Каваи Ленард беше прв стрелец во победничката екипа со постигнати 30 поени, а во отсуство на повредениот Пол Џорџ, значаен придонес за „Клиперси“ имаше Лоу Вилијамс со 21 поен, 7 асистенции и 5 скокови. 
 
Новајлиите кај „Езерџиите“, Ентони Дејвис и Дени Грин имаа одлична партија. Дејвис оствари дабл-даб со 25 поени и 15 скокови, а Грин покрај 28-те поени имаше и 7 скокови. Првата ѕвезда на „Лејкерси“ Леброн Џејмс мечот го заврши со учинок од 18 поени, 9 скокови и 8 асистенции.