Спорт плус
10. November 2021 - 20:56

Одиме во финале за злато со Миа Тодорова

На Европското кикбокс WAKO првенство кое се уште трае Миа Тодорова денеска ја победи Донета Менџики од Косово. Следна борба во финале се бори против Русинката Пехливан Ајшеѓул. 

Борбите завршија за: Силвио Мировски кој имаше победа над Страхиња Савиќ од Србија а беше поразен од Максим Лиубин од Молдавија. Борбите завршија исто така и за Горјан Ристовски кој извојува победа над Милош Богучки од Полска но загуби од Иван Фердочук од Русија. Борбите завршија и за нашиот најмлад натпреварувач Туркер Исмаил, тој загуби од Решут Ксавиер од Полска со прекин поради повреда настаната во првата рунда.

Утре има борба за сребро Олгица Орешкова против Кристина Лудина од Русија.