Живот
24. July 2016 - 9:17

Одговор на петте најнезгодни прашања за сексот

Секој од нас има некои дилеми и прашања кога станува збор за сексот, но многумина од нас се плашат да ги постават.
 
Еве одговор на петте најчести сексуални прашања.
 
1. Дали може да се спречи миризбата на вагината?
 
Лактозата многу помага по ова прашање. Пијте многу јогурт и млеко, но доколку миризбата е силна и непријатна, посетете гинеколог, можеби станува збор за инфекција.
 
2. Како да се избегнат звуците што излегуваат од вагината?
 
Оној непријатен звук којшто го испушта вагината за време на сексот, не може да се избегнат. Доколку ви е толку непријатно, водете љубов во пози каде жената е врз мажот, а најсигурна е мисионерската поза. Избегнувајте „кучешки стил“, во таа поза најчесто се јавуваат непријатните звуци.
 
3. Во порно филмовите, двојките од вагинален преминуваат кон анален или орален секс. Дали тоа е безбедно и во реалниот живот?
 
Доколку го правите тоа, задолжително измијте ги интимните делови. Така многу лесно е пренесуваат бактерии, па мора да внимавате да не пренесете некоја инфекција на устата или вагината.
 
4. Порно ѕвездите кои ги обожава вашиот партнер воопшто не личат на вас. Треба ли да се загрижите?
 
Кога станува збор за порно актерките, мажите убаво знаат дека се работи само за фантазија. Не грижете се доколку актерката има огромни гради, за разлика од вас, или доколку има совршено тело. Вашиот партнер ужива во сексот со вас, инаку сигурно не би биле заедно.
 
5. Нормално ли е да се фантазира за некој друг за време на сексот?
 
Околу 50% од жените и 75% од мажите фантазираат за време на сексот. Тоа е здраво за одржување на активниот сексуален живот и во никој случај не значи дека партнерот не ве сака.