Македонија
29. October 2017 - 11:11

Одѕивот до 10 часот во Македонска Каменица 17,6 проценти

Во Македонска Каменица, каде денеска се спроведува вториот круг од гласањето на Локалните избори, до 10 часот гласале 1194 гласачи, што е 17,66 проценти излезеност.

Претседателот на Општинската изборна комисија Македонска Каменица Сања Митревска изјави дека гласањето на сите 17 избирачки места се одвива без проблеми.

- Споредено со излезноста до 10 часот од првиот изборен круг, денеска има зголемување за околу 2 процента. Сите 17 избирачки места се отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми, истакна Митревска.

Во Македонска Каменица се запишани 6754 гласачи со право на глас.