Одѕив од 9,8 отсто во Гевгелија до 10 часот
На 37 избирачки места во општина Гевгелија, заклучно со 10 часот, на предвремените парламентарни избори во Македонија, право на глас оствариле 1.800 граѓани од вкупно запишаните 19.363 што процентуално претставува излезност од 9,8 отсто, информира претедателката на ОИК, Гордана Поп-Кочева.
Излезноста на осум гласачки места во општина Дојран изнесува 11,6 отсто. Таму заклучно со 10 часот гласале 320 од запишаните 2.568 гласачи, информираше претседателот на ОИК, Митко Андонов.
Приближна излезност на гласачите од 11,08 отсто е регистрирана во општина Богданци каде до 10 часот гласале 765 од запишаните 6.906 граѓани.
Најголема излезност од 12,7 отсто на југоистокот од земјава е забележана во општина Валандово каде според податоците од ОИК до 10 часот правото на глас го искористиле 1.274 од запишаните 10.024 гласачи.
Изборниот процес во овие четири општини до сега се одвива во најдобар ред, без пријавени нерегуларности.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање