Македонија
29. September 2020 - 16:43

Одбраната на Јанкулоска реагира на спроведувањето, власта тврди дека се спроведува правдата

Екс министерката била спроведена во затвор со прекршување на законските процедури тврди нејзиниот адвокат. Јанкулоска вчера ја добила одлуката од врховен а по кратко време на врата дошла полицијци на врата  и ја известиле дека треба да замине на издржување на казната. Согласно законот имало можност таа да побара одлагање на издржувањето на казната но тоа не и било овозможено. Штетата е веќе сторена вели адвокатот на Јанкулоска и сега е доцна да се реагира.

„Нема примена во текот на вчерашниот ден упатен акт кога треба да се јави доброволно... На кој начин ќе реагираме за тоа што е направено, ако и се врачеше упатен акт. Штетата е направена, таа знаеше дека ќе треба да се јави на издржување, но има процедура има закон повреден е законот на штета на осудената. Имаше еден упатен акт кој бше со конкретен датум, на кој бараше одложување поради возраста на детето. Друг упатен акт нема добиено .“

Од СДСМ очекуваат одговорност да има за сите отворени случаи. Владејачката партија ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека се обидуваа на секаков начин да се спасат од криминалот.

Поранешната министерка за внатрешни работи е осудена за случајот „Тенк“ кој се однесува на набавката на луксузниот мерцедес. Јанкулоска доби 4 години казна затвор. Против неа има уште два предмети за кои одлуките судот допрва треба да ги донесе.