Македонија
19. March 2018 - 17:38

Одбраната на екс директорот на СОЗР бара укинување на притворот

Одбраната на екс директорот на СОЗР поднесе жалба до Кривичниот совет за укинување на притворот на Васе Доневски. Според адвокатот, нема причина Доневски да биде лишен од слобода бидејќи тој им е достапен на  управата за финансовата полиција од првиот момент кога е осомничен за случајот. За разлика од Доневски кој е македонски граѓанин, на лицето кое се товари за соизвршител му е одземен само пасошот како гаранција и се брани од слобода  и покрај тоа што се работи за странски државјанин. Одбраната очекува Кривичниот совет да го укине притворот на екс директорот на СОЗР.

Јанаќиевиќ тврди дека е неоснован и сомнежот на првостепениот суд дека осомничениот може да влијае врз сведоците. Одлуката на кривичнито совет се очекува  до крајот на оваа недела. Финансиската полиција го сомничи екс директорот на СОЗР дека противзаконски склучил договор со компанијата секјуриком во вредност од над 10 милиони евра.