Спорт плус
26. јуни 2022 - 20:11

Одбојкарките поразени од Египет на Ми во Алжир

 
 По подолга пауза женската одбојкарска репрезентација на Македонија се појави на меѓународната сцена и тоа на  Медитеранските игри во Алжир каде е поразена од  од Египет со 1-3 , по сетови  20-25, 25-11, 19-25 и 23-25.
По доминацијата на Египет во првиот сет во вториот доминација на нашите одбојкарки кои го добија сетот со 25-11 за 1-1, но сепак Египет повторно го врати водството, откако го доби третиот сет со 25-19.
Иако во последниот сет игравме добро и водевме со 21.19 сепак на крајот со неколку грешки потклекнавме и загубивме со  25-23.
Најдобра во тимот на Египет беше Фарида Еласкалани со 16 поени, додека кај Македонија најефикасна беше Теа Терзиевска со 19 поени.
Следен натпревар за македонските репрезентативки е на 27 јуни против Тунис.