Спорт плус
18. May 2017 - 1:10

Одбојкарките на СВСК се нови шампионки на Македонија

Одбојкарките на Сити Волеј Славков Куманово (СВСК) ја искористија првата „меч топка“ и ја освоија шампионската титула, првак на Македонија. 
 
Екипата на СВСК во ја оствари и третата победа во финалето од плејофот против бранителот на тројефот Јанта Волеј и со конечни 3-1 во победи ја доби финалната серија. 
 
И четвртиот меч кој се одигра во Скопје, одново се водеше голема борба, за на крајот по пет сета со 3:2, да го решат мечот во своја полза и да ја освојат шампионската титула. 
 
Со тоа оваа екипа сезоната ја заврши сезоната со двојна круна, откако претходно и во финалето на Купот на Македонија ја совлада екипата на Јанта Волеј со 3:1 во сетови. 
 
Претходно и машката екипа на Струмица се закити со двојна круна со триумфите во шампионатот и Купот на Македонија.