Loading Video...
Спорт плус
9. September 2019 - 9:55

Одбојкарките на Србија се старо-нови шампионки на Европа

Во финалето на женското Европско првенство во Анкара, Србинките во неизвесен меч и по 2,5 часа игра ја победија домашната селекција на Турција со 3:2. 

Турцинките ги добија првиот и четвртиот сет со 25-23 и 25-22, а во вториот и третиот подобри беа Србинките со идентични 25-21. Во решавачкиот пети сет, Турција имаше и предост од 9-6, но Србинките со серија до 5-0, направија пресврт, па на крајот сетот го добија со 15-13, за конечни 3:2. 

За Србинките ова е трет трофеј во низа од големите натпреварувања во нивното четврто последователно финале. 

Бронзата ја освоија одбојкарките на Италија кои со 3:0 во „малото финале“ ја победија Полска.