Loading Video...
Спорт плус
20. October 2018 - 16:43

Одбојкарките на Србија се нови светски шампионки

Србинките на Мундијалот што се одржуваше во Јапонија, во неизвесното финале во кое беа одиграни пет сета ја победија Италија со 3:2 

Италијанките во два наврати имаа предност, откако ги добија првиот и третиот сет со 25-21 и 25-23, а Србинките се враќаа во игра добивајќи ги вториот и четвртиот сет со 25-14 и 25-19. 

Во решавачкиот пети се предводени од Тијана Бошковиќ која финалето го заврши со 26 поени, селекцијата на Србија го доби сетот со 15-12, по што можеа да почнат со прославата на освоената титула и златниот медал. 

Бронзениот медал им припадна на одбојкарките на Кина кои во „малото финале“ со 3:0 ја победија Холандија.