Спорт плус
30. April 2019 - 19:47

Одбојкарките на Работнички го освоија Купот на Македонија

Одбојкарките на Работнички го освоија Купот на Македонија. 
 
На завршницата на националниот куп што се одржува во салата „Парк“ во Струмица, во женското финале Работнички со 3:1 во сетови го победи тимот на Наковски Волеј. 
 
Првите два сета ги добија скопјанки со 25-18 и 25-21, а во третиот струмичанки беа подобри во третиот сет со 25-16. Но. Немаа доволно сили одбојкарките на Наковски Волеј да направат и комплетен пресврт, па Работнички добивајќи го четвртиот сет со 25-17 стигнаа до првиот трофеј во националниот куп. 
 
Во машкото финале ќе играат Џио Струмица и Универзитет Тетово.