Loading Video...
Спорт плус
4. January 2019 - 18:21

Одбојкарите веруваат во победа против Украина

Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија, е Запорожје каде утре ќе го игра претпоследниот меч од квалификациите за Европското првенство.
 
Во најсилен состав црвено-жолтите ќе се обидат да и се спротивстават на прво рангираната во групата Ф, селекцијата на Украина, која во првиот дуел во Скопје забележа победа со 3:2, иако Македонија имаше предност од 2:0.
 
Бодовите се од големо значење, доколку се сака да се освои второто место во групата, а со тоа и да се зголемат шансите за пласман на завршницата на Европскиот шампионат. 
 
Утрешниот дуел меѓу Украина и Македонија ќе започне од 19 часот, а во претпоследното коло од Ф групата ќе играат и Унгарија – Швајцарија.  
 
Последната рунда на програмата е на 9 јануари кога во Скопје ќе гостува селекцијата на Украина.